Њујорк: Антонио Милошоски заминува на изборот за претседател на 62-то редовно заседание на ОН

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска заминува за Њујорк каде што утре во седиштетото на Обединетите нации ќе присуствува на официјалниот избор на номинираниот кандидат на Република Македонија, Срѓан Керим, за претседател на претстојното 62-ро редовно заседание на Генералното собрание на Светската организација. За време на престојот во Њујорк Милошоски треба да има средби со генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, со админстраторот на УНДП Кемал Дервиш и со други високи функционери на Светската организација.