Минск: Средба Ахмадинеџад-Лукашенко

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, кој е во посета на Белорусија, имаше средба со неговиот домаќин, претседателот Александар Лукашенко. По разговорите е објавено дека Белорусија ќе инвестира во нафтените полиња во Иран. Лукашенко е еден од поржувачите на иранската нуклеарна програма, за која Западот смета дека може да биде искористена за изработка на нуклеарно оружје.