Париз: Познат составот на новата француска Влада

Во новата француска влада на конзервативецот Франсоа Филон половина од министрите се жени, а шеф на дипломатијата е опозициониот социјалист Бернар Кушнер. Тој е познат како ко-основач на Лекари без граници и поранешен шеф на УНМИК на Косово. Кушнер е и еден од ретките француски политичари кој зборуваше во корист на воената интервенција во Ирак.