Банкок: Усвоени мерки против глобалното затоплување

Светски стручњаци за климатски промени, под покровителство на Обединетите Нации, во Банкок постигнаа договор за документот кој содржи мерки против глобалното затоплување. Научниците оценија дека земјите мора драстично да го намалат испуштањето јаглерод диоксид, а се согласиле дека светот има и технологија и финансиски средства да го ограничи затоплувањето на планетата. Во документот се наведува и дека наредните 20 до 30 години се клучни за да се стори нешто. Ова е трет извештај годинава на меѓународниот панел за климатските промени.