Илјадници демонстранти синока протестираа во Тел авив со барање премиерот Ехуд Олмерт да поднесе оставка поради начинот на кој постапуваше минатата година во војната против Хезболах во Либан. Протестираа и претставници на десницата и левицата. Олмерт одбива да даде оставка поради извештајот во кој се напагаат неговите активности за време на минатогодишниот конфликт. Тој вели дека планира да остане на функцијата и да ги спроведе предлозите од извештајот.