Анкара: Предвремените парламентарни избори во Турција на 22 јули

Предвремени општи избори во Турција ќе бидат одржани на 22 јули. Оваа одлука ја донесе синоќа Уставниот одбор на турскиот парламент, а денеска треба да биде потврдена од парламентот. Иницијативата за предвремено гласање ја покрена премиерот Реџеп Таип Ердоган, со цел да се надмине политичката криза настаната со изборот на претседател на државата.