Приштина: Мисијата на Советот за безбедност на ОН ја завршува посетата на Косово

Мисијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска ја завршува посетата на Косово, по што заминува за Виена на разговори со претставникот на Светската организација за идниот косовски статус Марти Ахтисари. Делегацијата денеска престојува во неколку села населени од срби. Цел на посетата е подетално информирање за состојбата на Косово пред најавената резолуција за статусот на Косово.