Вашингтон: Закон за финансирање на војната во Ирак

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го изгласа законот со кој финансирањето на војната во Ирак се поврзува со повлекувањето на американските војници од таа земја. Претседателот Џорџ Буш веќе се изјасни дека ќе стави вето на законот со кој, иако необврзувачки, се бара повлекувањето на американските сили да почне во октомври и да заврши до крајот на март идната година.