Прага: Осуда од РСЕ за забраната за влез во Иран на новинарката Перназ Азима

Претседателот на Радио Слободна Европа, Џефри Гедмин ја осуди најавата на иранските власти дека на три години ќе и забранат излез од земјата на новинарката на Радио Слободна Европа, Перназ Азима. Гедмин побара веднаш да и биде вратен пасошот на Азима за да може да им се врати на своите професионални должности и на своето семејство, кое живее надвор од Иран.