Париз: Саркози и Ројал во вториот круг

Според првичните резултати од претседателските избори кои се одржаа вчера во Франција во вториот круг кој е закажан за 6 Мај ке се соочат десно ориентираниот Николас Саркози и кандидатката на социјалистите Сеголен Ројал. Поранешниот минситер за внатрешни работи Саркози како што јавуваат агенциите освоил околу 30 проценти од гласовите, а Ројал која се надева дека ке биде првата жена претседателка на Франција освоила околу 26 проценти. Излезноста на изборите изнесува 84 насто.