Сараево: Претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски во посета на Босна и Херцеговина

Претседателот на Собранието, Љубиша Георгиевски, во рамките на дводневната посета на БиХ денеска ќе се сретне со со претставници на законодавната и на извршната власт на БиХ каско и со верските заедници. Георгиевски ќе разговара со претставници на колегиумите на двата дома на парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, со претседателот на советот на министрите и со членови на претседателството на БиХ.