Вашингтон: Компанијата Халибартон нема да работи со Иран

Американската нафтена компанија Халибартон соопшти дека ги завршила сите бизнис обврски со Иран и оти веќе нема да работи во таа земја. Според американските закони, на американските компании им е забрането да имаат бизнис зделки со Иран, но Халибартон истакнуваше дека нивните зделки се легални бидејки работеле за други странски фирми.