Рамзан Кадиров денеска свечено беше инаугуриран за нов претседател на Чеченија. Раскошната церемонија се одржа во чеченскиот град Гудермес, Триесет годишниот поранешен бунтовник Кадиров стана сојузник на Москва и за шеф на Чеченија беше назначен од рускиот претседател Владимир Путин. Тоа во во минатиот месец беше потврдено и од чеченскиот парламент.