Вести Тал Афар: Вооружени шиити убиле 70 сунити март 29, 2007 Вооружени шиити во ирачкиот град Тал Афар убиле над 70 сунити како одговор на подметнатата бомба во шиитскиот дел на градот, кога загинаа околу 60 лица. Според ирачките власти, во егзекуцијата на сунитите биле вмешани и полицајци.