Москва: Две американки хоспитализирани поради можно труење со талиум

Американската амбасада во Москва потврди дека две американки се хоспитализирани поради можно труење со талиум. Станува збор за Марина Ковалевска и нејзината ќерка Јана кои со симптоми на труење биле примени во болница на 24 фебруари. Според руските медиуми тие биле родени во Советскиот Сојуз, а во Соединетите Држави емигрирале во 1989 година.