Рим: Владата на Проди доби доверба во Сенатот

Сенатот на Италија синоќа му изгласа доверба на премиерот Романо Проди, со што е обезбеден опстанокот на владата на левиот центар. Утре ќе гласа и долниот дом на парламентот, но таму владата има посигурна поддршка од пратениците. Проди минатата недела поднесе оставка откако сенатот изгласа недоверба на надворешната политика на владата.