Хаг: Војската на Република Српска сторила геноцид врз муслиманското население

Меѓународниот суд за правда денеска во Хаг пресуди дека војската на Република Српска во јули 1995 сторила геноцид врз муслиманското население во Сребреница, но дека геноцидна намера во другите делови на Босна и Херцеговина немало туку имало злосторства. Според судијката Росалин Хигинс, судот утврдил дека властите на СРЈ пружиле значајна воена и финансиска помош на Војската на Република Српска и дека без таа помош нејзино делување би се ограничило. Судот во моментов во продолжението на читањето на одлуката треба да соопшти во која мерка СРЈ е поврзана со геноциодот во Сребреница. Претходно судот го одби барањето на Србија да се прогласи за ненадлежен по обинението на Босна и Херцеговина против Србија за геноцид во војната 1992 – 95 година.