Полска официјално соопшти дека ќе започне преговори со Соединетите Држави за поставување американски антиракетен систем на територијата на таа земја. Вашингтон побара од Полска и Чешка да бидат дел од системот како заштита од можен ракетен напад од земјите кои не соработуваат со меѓународната заедница. Русија е против ваквиот американски план.
Најмалку петнаесет загинати и триесетина повредени е билансот од сообраќајната несреќа во Колумбија, кога еден автобус синоќа слетал во амбис. Претходно, како што јави полицијата, автобусот се судрил со камион.