Берлин: Претставници на САД, ОН, Русија и ЕУ расправаат за блискоисточните мировни преговори

Денеска во Берлин претставници на САД, ОН, Русија и ЕУ ќе расправаат за блискоисточните мировни преговори. Се очекува на состанокот да присуствуваат и генералниот секретар на Светската Организација Бан Ки Мун, европретставникот за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана, и шефовите на руската и на германската дипломатија Сергеј Лавров и Франк Валтер Штајнмаер.