Виена: Утре почнува финалната рунда преговори за статусот на Косово

Пратеникот на Обединетите Нации Марти Ахтисари денеска ќе го извести Советот на ОБСЕ за процесот на утврдување на идниот статус на Косово. Утре во виена имено почнува финалната рунда преговори во Виена меѓу Белград и Приштина која треба да трае до петок 2 Март. Се очекува Ахтисари по оваа рунда да го предложи конечниот план за статусот на Косово кој потоа ке го упати до Советот за Безбедност на разгледување.