Тирана: Повеќе од половина регистрирани избирачи гласале на локалните избори во Албанија

На вчерашните локални избори во Албанија гласале малку повеќе од половинатa регистрирани два милиони и 900 илјади избирачи, соопштија изборните штабови на двете најголеми партии во земјата Демократската партија и Социјалистичката партија на Албанија. На изборите се избираа локaлните власти на 384 реони, градови и села. Заменик-министерот за внатрешни работи Фердинанд Поти соопшти дека немало значителни инциденти за време на гласањето. Тоа го потврдија и двете партии. Набљудувачите на ОБСЕ, кои ги следеа изборите, денеска ќе ја соопштат својата оценка.