Брисел: Состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ

Министрите за надворешни работи на Европската Унија, на денешниот состанок во Брисел, меѓу другото, расправаат и за кризата со нуклеарната програма на Иран. Шефот за надворешна политика Хавиер Солана, повика на обновување на дијалогот со Техеран. Вчера иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат изјави дека е за преговори со Западот, но повтори дека Иран нема да се согласи со барањето за запирање на процесот за збогатување ураниум.