Мека: Продолжуваат разговорите меѓу палестинските фракции Хамас и Фатах

Во Мека – Саудиска Арабија продолжуваат разговорите за надминување на конфликтот меѓу палестинските фракции Хамас и Фатах. Претседателот Махмуд Абаз рече дека нема да ја напушти Мека се додека не се реши проблемот кој доведе до жртви на двете страни. Фракциите разговараат за формирање обединета влада.