Вашингтон: До Сенатот поднесена резолуција за прием на Јадранската група во НАТО

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат Ричард Лугар синоќа поднесе предлог за подршка на Сенатот за прием на Македонија, Албанија, Хрватска и Грузија во НАТО, јави МИА. Предлог законот предвидува и финансиска помош за земјите со цел да се засили нивната безбедност. За Македонија се предвидени 3,6, за Албанија 3,2 , за Хрватска 3, а за Грузија 10 милиони долари.Таков предлог закон за проширување на НАТО имаше и лани, но Сенатот не го донесе.