Мека: Средба на палестинскиот претседател Абас и лидерот на Хамас Месхал

Денеска во муслиманскиот свет град Мека во Саудиска Арабија ќе се сретнат Палестинскиот претседател Махмуд Абас и политичкиот лидер на движењето Хамас Халед Месхал. Целта на преговорите е заживување на напорите за формирање влада на единство и прекин на неколкумесечните меѓуфракциски борби во кои загинаа најмалку 100 лица.