Рим: Утре ќе се знае кога ќе продолжат фудбалските натпревари во Италија

Италијанското министертво за внатрешни работи соопшти дека стадионите во земјата ќе останат затворени за навивачите се додека не се создадат сите неопходни безбедносни услови. Во Италија се откажани сите професионални фудбалски натпревари, по нередите на Сицилија во петокот, кога загина еден полицаец, а кога ќе продолжат натпреварувањата би требало да се знае утре, по седницата на италијанската влада.