Вашингтон: Сенатот нема да расправа за резолуцијата која е против испраќање нови војници во Ирак

Републиканските претставници успееа да ја ,,блокираат“ расправата во американскиот Сенат по резолуцијата која е против планот на претседателот Џорџ Буш за испраќање на дополнителни 21.500-тини американски трупи во Ирак. За започнување на расправата за резолуцијата во Сенатот, во кој мнозинството го има Демократската партија, беше потребно да гласаат 60 од вкупно 100 членови на Сенатот, но за расправа гласале само 49 сенатори, додека 47 биле против.