Вашингтон: Иран ги снабдува со оружје ирачките бунтовници

Иран ги снабдува ирачките бунтовници со оружје со кое се убиваат американски војници, изјави синоќа во Вашингтон американскиот државен потсекретар Николас Барнс, прецизирајќи дека станува збор за софистицирана експлозивна технологија. Соединетите Држави веќе две години собираат докази за евентуалната вмешаност на Иран во ирачката ситуација.