Адис Абеба: Генералниот секретар на ОН ќе изврши притисок за разместување на сили во Дарфур

Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун се очекува на самитот на Африканската унија што денеска почнува во Адис Абеба да изврши притисок врз Судан за да дозволи разместување меѓународни мировници во регионот Дарфур. Во меѓувреме, хуманитарните организации предупредија дека Африканската унија ќе го загуби кредибилитетот доколку биде дозволено Судан, како што претходно е планирано, да го преземе раководството со оваа организација.