Газа: Продолжуваат пресметките меѓу Хамас и Фатах

Вооружените пресметки меѓу палестинските групи Хамас и Фатах во Појасот Газа продолжиле и во текот на изминатата ноќ. Според извештаите, во неколкудневните престрелки загинале над триесет палестинци. Во меѓувреме, лидерите на двете страни ја поздравија понудата на саудискиот крал Абдула да одржат разговори за помирување во муслиманскиот свет град Мека.