Пекинг: Неделава датум за продолжување на шест партитните преговори за Северна Кореја

Американскиот преговарач за кризата со нуклеарната програма на Северна Кореја, Кристофер Хил, изјави дека неделава се очекува да биде соопштено кога ќе продолжат 6-партитните преговори. Хил, на крајот од посетата на Пекинг, најави дека кинеската влада наскоро ќе го објави датумот на преговорите.