Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс денеска пристигна во ненајавена посета на ирачкиот град Басра каде што имаше средби со американските и британските команданти во тој дел од Ирак. Во меѓувреме во Багдад од мина поставена на патот еден американски војник загинал, а уште тројца биле повредени.