Колумбија: Авион со 14 патника се срушил во Колумбија

Венецуелски авион со 14 патника и членови на екипажот синоќа по полноќ се срушил во Колумбија, соопштија колумбиските власти. Според првичните информации на местото на несреќата, чија причина се уште е непозната, биле испратени спасувачки единици.
Авионот летал на релација Панама-Каракас.