На Интернет се појави нова видео снимка на телото на Садам Хусеин веднаш по бесењето. На снимката направена со видео камера на мобилен телефон е покажано телото на поранешниот ирачки диктатор на носилка делумно покриено со рани на вратот. Претходно објавените снимки од бесењето предизвикаа гнев меѓу сунитските арапи и го зголемија верското насилство во Ирак.