Варшава: Новоназначениот надбискуп поднесе оставка

Новоназначениот надбискуп во Варшава Станислав Велгус денеска поднесе оставка, откако претходно призна дека бил шпиун на полските тајните служби во поранешниот коминистички режим. Мисијата на Ватикан во Полска соопшти дека папата Бенедикт 16 ја прифатил неговата оставка. Од 1967 година Велгус бил задолжен да бара свештеници кои се погодни да се ангажираат како соработници на тајната полиција, а во 70 те години на минатиот век, се подготвувал да се инфилтрира во полската редакција на радио Слободна Европа.