Американскиот претседател Џорџ Буш најави нова стратегија за Ирак, само еден ден откако дво-партиската комисија на Конгресот оцени дека е време за промена на промена на курсот. Буш ја отфрли можноста за директни преговори со Иран и со Сирија, што беше една од главните препораки на комисијата, но изјави дека тие две земји можат да учествуваат во меѓународните напори за стбилизација на Ирак, доколку исполнат одредени услови.