Најмалку три лица загинале, додека пеесетина други биле ранети во денешниот воздушен напад на ирачките и американските сили врз шиитскиот дел на Багдад, познат како Садр Сити. Цел на нападот, како што е соопштено, биле позииции на бунтовниците одговорни за киднапирањата и убиствата во градот. Агенциите, повикувајќи се на болнички извори, јавуваат дека меѓу загинатите имало и едно бебе.