Дописникот на Радио Слободна Европа од Туркменистан Огулсапр Мурадова починала во затвор, изјавија нејзини роднини. Тие биле повикани во мртвачница да го идентификуваат телото и за Слободна Европа изјавија дека не јасно кога починала. 58 годишната Мурадова беше уапсена во Јуни. На 25 август судот во Туркменистан ја осуди неа и уште две лица на 6 години затвор за илегално поседување муниција. Според западните организации за човекови права, обвиненијата беа фабрикувани а судскиот процес бил пародија на правдата.