Поплавите и одроните на земјиштето во Северна Кореа биле причините за смртта на над сто и дваесет луѓе и за исчезнувањето на други сто и триесет. Овие бројки ги соопшти официјален Пјонгјанг. Канцеларијата на Меѓународниот Црвен крст во Пјонгјанг јави дека поради веќе едномесечните поројни дождови, на земјата и се заканува вистинска хуманитарна катастрофа, но оти владата нема намера да побара странска помош.