Белград: Парламентот на Србија треба да прогласи независност

Два дена откако Црна Гора официјално прогласи независност, парламентот на Србија на денешната седница треба да го стори истото, јавуваат агенциите. Од денеска, како што најавно, треба да почне и повлекувањето на српските војници и офицери од Црна Гора и на црногорците кои служат во Србија. Црна Гора побара признавање на нејзината независност од сите балкански земји, од членките на Европската Унија и од постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации.