Вашингтон: Иран и Северна Кореа да се откажат од напорите за развој на оружје за масовно уништување

Официјален Вашингтон ги повика Иран и Северна Кореа да го следат примерот на Либија и да се откажат од напорите да развијат оружје за масовно уништување. Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс во изјавата во врска со обновувањето на дипломатските односи меѓу Соединетите Држави и Либија додаде дека на таков начин Иран и Северна Кореа ќе придонесат за подобар живот на нивните граѓани.