Најголемите партии низ градовите и селата во Македонија

ВМРО ДПМНЕ нуди сто чекори за преродба на Македонија , владеачката партија пак се наврака на своите 50 успеси а изборите сака да ги добние со трите Е-Еконимоја, Едукација, Европа, Љубчо Георгиевски претендира повторно да се врати на власт со паролата Иднина наместо Судбина . Најголемите партиии како веке да са наогаат во средина на изборната кампања која инаку според законот би требала да започене на 15 Јуни и да трае 20 дена вели Професорот од правниот факултет Светомир Шкариќ

„Тоа може да се види од тоа што тие зборуваат за нивните програми, нивните цели, фактички, тие со тоа веќе и се претставуваат на македонската јавност.“

Од Државната изборна комисја објаснуваат дека тие се надлежни да го контролираат ваквото однесување на политичарите

„ДИК не е надлежна за таа работа и не може да коментира кој е надлежен и какви мерки треба да преземе,“

вели портапролот Зоран Таневски

Професорот Шкариќ објаснува дека со новиот изборен законик не се конкретно предвидени казни за политичките партии кои ја започнуваат својата кампања предверемно

„Но, ако се прочитаат сите дејства што имаат карактер на прекршок може да се заклучи дека овие партии, веќе вклучени во изборната кампања, тие го прекршуваат изборниот закон. Клучна улога за конститирање на прекршувањата е Советот за радиодифузија, значи го имаме органот што треба да констатира, имаме изборен законик што треба да се толкува пошироко.“

Од Советот за радифизуја пак велат дека во моментов вршат монотирониг на медимуите и не може да да оценат дали се прекршени правилата.

„Мерките за овој вид прекршувања мора да се изрекуваат последователно. Построгите мерки забрана за емитување, но тие не може да се изречат без прво да се изрече опомена.“

објаснува Андријана Скерлев Чакар координатор за прваната служба во советот.