Генералниот менаџер на италијанскиот фудбалски шампион Јувентус денеска ќе биде испрашуван од обвинителите во врска со, како што се оценува, најголемиот спортски скандал во таа земја. Лучано Моџи е обвиниет за местење на резултатите со тоа што манипулирал со изборот на фудабслките судии. Тој и целиот менаџерски тим на Јувентус поднесоа оставки. Во скандалот, според агенциите, биле вклучени четириестина фудбалери и судии.