Техеран: Најмалку 70 повредени во земјотрес

Најмалку 70 лица се повредени во денешниот силен земјотрес што го погоди иранскиот град Заранд во јужната провинција Керман. Земјотресот, како што јавија западните агенции бил со јачина од 5,2 степени според рихтеровата скала. Локалните власти соопштија дека бројот на повредените може да се зголеми, а засега нема информации за загинати.