Стразбур: Владо Бучковски ќе се обрати пред парламентарното собрание на Советот на Европа

Македонскиот премиер Владо Бучковски кој престојува во Стразбур, денеска ќе се обрати на Пролетното заседание на парламентарното собрание на Советот на Европа. Тој ќе говори за односите и унапредувањето на соработката на Македонија со Советот на Европа. Во меѓувреме, во Брисел министерот за надворешни работи Илинка Митрева денеска ќе има состанок со еврокомесарот за правда Франко Фратини, како и со амбасадорите на НАТО. Главна тема, како што е најавено, ќе биде можноста за либерализација на визниот режим за македонските граѓани.