Свет: Анти воените активисти ја одбележуваат три годишнната од почетокот на војната во Ирак

Анти воени активисти денеска во светот ја одбележуваат три годишнината од почетокот на војната во Ирак. Околу 500 демонстранти во Сиднеј бараа повлекување на австралиските трупи. Две илјади луѓе се собраа во Токио. Протести се планираат во повеќе европски градови, а Трафалгар Сквер во Лондон ќе биде затворен во очекување на маршот на илјадници анти воени активисти.