Приштина: Посета на специјалниот пратеник на ОН во преговорите за статусот на Косово

Специјалниот пратеник на Обединетите Нации за преговорите за статусот на Косово Марти Ахтисари денеса во Приштина ќе разговара со шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен и со претставници на косовската власт. На Ахтисари, како што е најавено, ќе му бидат дадени и одговорите на неговите прашања во врска со положбата на малцинствата на Косово. Ахтисари претходно разговараше со властите во Белград.