Венецуела: Иран може да и помогне на Венецуела во развој на нуклеарна технологија

Иранскиот парламентарен спикер Голамали Хадад Адел, за време на посетата на Венецуела, изјави дека Иран би можел да и помогне на таа земја да развие нуклеарна технологија за мирољубиви цели. Претседателот на Венецуела Хуго Чавез, кој е остар критичар на Соединетите Држави, ја подржува иранската нуклеарна програма.