Шпанскиот министер за надворешни работи Мигуел Анхел Моратинос на покана од шефот на македонската дипломатија Илинка Митрева денеска ќе престојува во посета на Македонија. Двајцата министри, како што е најавено, ќе потпишат спогодба за реадмисија, а ќе разговараат и за постигнување неколку други договори за зајакнување на соработката во разни области.