Лондон: Почнува европската турнеја на кинескиот претседател Ху Џинтао

Кинескиот претседател Ху Џинтао пристигна во Лондон, со што ја започна европската турнеја во која покрај Велика Британија, ќе ги посети и Германија и Шпанија. Како што е најавено, главни теми на разговорите се трговијата со текстилни производи, како и ембаргото за извоз на оруже во Кина.